четвртак, 14. мај 2015.

Музика

                                         

                                                 ПИЈАНО



Image result for pianoПијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавишичие притискање произведува звуци. И покрај тешката преносливост и висока цена, пијаното е сепак еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот поради својата повеќенаменска природа во сферите на свирењето и компонирањето.




Пијаното како изум е изградено врз основа на претходните жичени инструменти како цимбалот. Во текот на средниот век има неколку обиди да се создаде жичен инструмент со клавијатура, а веќе до XVII век механизмот за клавијатура како оној на клавичембалото и чембалото е добро познат. Потребни се неколку векови работење на механизмот на чембалото за да се стигне до ефективни начини за конструирање на кутијата, резонантната штица, мостот и клавијатурата на пијаното.
Image result for pianoБартоломео Кристофори (1655-1731) од Падова, Италија ја добива заслугата за изумот на современото пијано. Големиот кнез од Тоскана, Фердинандо де Меричи го вработува Бартоломео како Чувар на Инструментите, кој веќе е експерт за градење на чембало и поседува големо знаење за жичани инструменти со клавијатура. Не е познато точно кога првпат го гради пијаното, но пописот направен од фамилијата Медичи докажува дека пијаното постои пред 1700 година, а друг не толку веродостоен документ тврди дека пијаното постои уште во 1698 година. Денес преостануваат три Кристофори пијана од 1720-тите.

Нема коментара:

Постави коментар