четвртак, 14. мај 2015.

Музика

                                         

                                                 ПИЈАНО



Image result for pianoПијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавишичие притискање произведува звуци. И покрај тешката преносливост и висока цена, пијаното е сепак еден од најпрепознатливите и најпопуларните инструменти во светот поради својата повеќенаменска природа во сферите на свирењето и компонирањето.




Пијаното како изум е изградено врз основа на претходните жичени инструменти како цимбалот. Во текот на средниот век има неколку обиди да се создаде жичен инструмент со клавијатура, а веќе до XVII век механизмот за клавијатура како оној на клавичембалото и чембалото е добро познат. Потребни се неколку векови работење на механизмот на чембалото за да се стигне до ефективни начини за конструирање на кутијата, резонантната штица, мостот и клавијатурата на пијаното.
Image result for pianoБартоломео Кристофори (1655-1731) од Падова, Италија ја добива заслугата за изумот на современото пијано. Големиот кнез од Тоскана, Фердинандо де Меричи го вработува Бартоломео како Чувар на Инструментите, кој веќе е експерт за градење на чембало и поседува големо знаење за жичани инструменти со клавијатура. Не е познато точно кога првпат го гради пијаното, но пописот направен од фамилијата Медичи докажува дека пијаното постои пред 1700 година, а друг не толку веродостоен документ тврди дека пијаното постои уште во 1698 година. Денес преостануваат три Кристофори пијана од 1720-тите.

понедељак, 4. мај 2015.

Музика

                                        Саксофон



Саксофонот, скратено Sax., е дрвен дувачки инструмент, иако како и флаутата, е направен од метал, но според изведувачката техника и градба припаѓа на оваа фамилија, на која и се придружил дури во половината на 19. век. Наречен е според својот градител Адолф Сака (Adolphe Sax). Тој ги комбинирал искуствата од дотагашните инструменти, па саксофонот има усник како и кларинетот – со просто јазиче од трска, механизмот и техниката на прстите му се најслични на обоата, а звукот на фагото (чиј висок регистар и се нарекува ”саксофонски”).





Саксофонот се гради во цела низа регистри, од најдлабока до највисока звучност, но најчести се алт,тенор-, а донекаде може да се каже и сопран- и баритон-саксофон. Повеќето варијанти имаат права цевка, па личат на лимената обоа иликларинетот. Кај другите цевката е карактеристично свиткана во почетокот и завршетокот, со издолжена инка подигната нагоре. Саксофонот е конструиран за потребите на воената музика и во некои западноевропски земји таа функција ја има и денес. Во симфониските оркестри и во уметничката музика се користи сразмерно ретко (Морис Равел - Болеро (сопран in B и тенор in B), Модест Петрович Мусоргски- Слики од изложбата - во оркестрација на Морис Равел (алт in E♭),Бенџамин Бритен - Simfonia da Requiem (алт in E♭), Микис Теодоракис - Гркот Зорба (алт in B) и други), но во ансамблите за забавна музика, посебно во џезот, многу е истакнат, со цела низа значајни солисти-виртуози.





Фудбал


                                    ФУДБАЛ              



Фудбал  e игра со топка што ја играат два тима со по 11 играчи. Еден спортски натпревар регуларно трае 90 минунти, односно две полувремиња по 45 минути. Целта на играта е да се уфрли топката во голот на противникот. Победува тимот кој ќе постигне повеќе погодоци. Играчите смеат да играат со сите делови на телото освен со раце. Ако топката ја допрат со раце тогаш судијата треба да свирни ЕНЦ. Само голманот може да ја допре топката со раце, но само во пеналтикот (шестнаесетник). Натпреварот е распореден во две полувремиња од кои секое полувреме трае по 45 минути. Натпреварувачите носат маици (дресови) со бројки на грбот. Ѓоновите на копачките можат да бидат опремени со крампони или да се ребрасти.


Секој играч на теренот, во текот на натпреварот е задолжен за исполнување на одредена задача од страна на својот менаџер или тренер. Во фудбалот, обично натпреварувачите се делат на:
- одбранбен играч, чија главна цел е одбрана на својот гол. Одбранбениот играч често се покрива или следи еден противнички играч во текот на целата игра. Одбранбените играчи често мораат решително да им се фрлат во нозете на противниците за да дојдат до топката.голман, кој основна цел му е да ја брани својата мрежа од противниците. Голманот може да ја допира топката со раце, но само во својот казнен простор. Истотака, не му е дозволено со раце да ја фаќа топката која му ја вратил својот соиграч.
средишен играч, чија главна цел е поврзување на одбраната со нападот. Во зависност од самиот натпревар, средишните играчи имаат и други улоги. Тие се всушност најчесто креаторите на играта.
напаѓач, чија главна цел му е постигнување на гол во противничката мрежа.

Image result for football ball nike
пенал. Ударот се исполнува од специјално определена точка во казнениот простор, кој се наоѓа на 11 метри од голманот. По време на изполнувањето, сите натпреварувачи без голманот и оној кој ќе го изведе казнениот удар треба да се наоѓаат надвор од казнетиот простор. Голманот е застанат на гол линијата. Пеналот се изведува со даден сигнал од судијата.
жолт картон обично се дава на играчите кои ги прекршиле некои од следните правила на фудбалот:

несогласување со судијата, изразено преку зборови или дејство
неспортско однесување
намерно забавување на играта
непочитување на расстојанието, на кое треба да се стои од топката при изполнување на корнер или слободен удар
влегување на теренот без дозвола на судијата
намерно напуштање на теренот без одобрение на судијата;
соблeкување на дресот за време на натпреварот
симулирање на повреда
црвен картон се доделува на натпреварувач кој:
имал еден жолт картон и повторно направил некој прекршок
неспортско однесување( удирање на соиграч, судија, тренер...)
намерно фаќање на топката со рака...
Аут е фудбалски термин кој претставува враќање на топката во игра по нејзиното излегување надвор од дозволениот простор. Топката треба да биде уфрлена од местото каде и била изнесена. Се изведува со двете раце на играчот со одредени правила
Корнер обично се изведува при напуштање на топката на крајната гол линија од страна на противничкиот играч